Пилотот пристигна во руската база жив и здрав

Москва, 25 ноември 2015 (МИА) - Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа од рускиот авион, што го собори турската војска, го спасија сириските и руските сили и тој е сега безбеден, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

- Операцијата успешно заврши. Пилотот е доведен во нашата база. Жив и здрав, потенцира рускиот министер за одбрана.

Тој истакна дека операцијата за спасување траела 12 часа и се заблагодари на сите кои цела ноќ работеле на тоа, со големи ризици. 

Другиот пилот е повреден додека се спуштал авионот,  а потоа е убиен од страна на џихадистите во регионот, изјави денеска рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов. 

- Кога авионот е соборен, двата пилоти се катапултирале од леталото, од кои едниот најпрво е повреден кога се спуштил со подоборанот, а потоа на земја дивјачки е убиен од страна на џихадистите од регионот, рече Орлов во изјава за радио „Ероп 1“. 

Турција вчера наутро собори руски воен авион на границата со Сирија бидејќи, како што тврди турската војска, го повредил воздушниот простор на Турција иако повеќепати бил предупреден, додека руското Министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...