Соборениот руски авион не добил предупредување

Москва, 25 ноември 2015 (МИА) - Соборениот руски бомбардер Су-24М крај турско-сириската граница не добил никакви предупредувања од турска страна за нарушување на воздушниот простор, изјави денеска преживеаниот пилот Константин Мурахтин.

Според него екипажот не добил предупредувања ниту по радио-врска ниту визуелно.

- Ако сакаа да не предупредат може да се покажат, да застанат на паралелен курс, рече Мурахтин.

Тој истакна дека проектилот бил испукан одзади и екипажот не бил во можност да изврши маневар.

Рускиот Су-24М беше соборен во вторникот со ракета воздух-воздух од Ф-16 на турските ВВС. Двата члена на екипажот се катапултираа, но едниот загина, а другиот беше спасен по 12-часовна операција, во која беше уништен хеликоптер Ми-8 и убиен еден руски специјалец.

Мурахтин изјави дека тој и колегата многу пати летале во тој реон и оти се враќале во базата безбедно.

Тој изјави дека го познава многу добро реонот и може да се ориентира во него и без да користи дополнителни електронски инструменти од авионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...