Петнаесет лица загинаа во падот на хеликоптерот во Сибир

Москва, 26 ноември 2015 (МИА) - Билансот на загинатите во падот на хеликоптерот Ми-8 на подрачјето на Краснојарската покраина во источен Сибир достигна 15 лица, додека десет се наоѓаат во болница на интензивна нега, сооппштија денеска локалните власти.

- Во хеликоптерот се наоѓаа вкупно 25 лица, од кои 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци загинале 15 лица, а десет се на интензивна нега, изјави портпаролката на локалниот државен обвинител, Оксана Горбунова, јави ТАСС. 

Таа додаде дека телото на еден од загинатите се уште се извлекува од остатоците од леталото.



Хеликоптерот се урнал кусо по полетувањето, на тешко достапен терен околу десет километри од градот Игарка и тој е речиси целосно уништен.

- Леталото падна во реката Јенисеј и моментално се наоѓа на мразот, соопшти локалната полиција. 

Повредените се евакуирани во болницата во Игарка, а до таму со специјални возила за снег ги префрлиле спасувачите и локалното население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...