Исламската држава ја рангираше Чешка меѓу своите непријатели

Прага, 25 ноември 2015 (МИА) - Џихадистичката организација Исламска држава (ИД) наводно меѓу своите главни непријатели кои се во „коалиција со ѓаволите“ ја вклучиле и Чешка, објавуваат чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, локалните медиумите се повикуваат на видео, чија веродостојност се проверува, објавено од дневниот весник „Ал Хајат“.

Во него, екстремистите се закануваат со репресалии врз алијансата на 60 земји, чии знамиња се објавени.

- Собирајте ги своите сојузници. Правете заговори против нас и не не оставајте да здивнеме. Но, нашиот сојузник е поголем. Тоа е Бог и целата слава му припаѓа нему, се вели во коментарот, според кој зголемувањето на бројот на непријателите кај борците на ИД само ја зголемува нивната вера.

Во групата на наводната „сатанска коалиција“ се речиси сите земји на НАТО и државите на арапската коалиција, која е вклучена во воздушните операции против ИД, како и Русија и Кина. Видеото е објавено на неколку јазици.

На наводното видео на ИД, чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец реагираше на Твитер, пишувајќи дека „не е срамота да се биде на листата на најразвиените земји“,

Тој напиша и дека „оваа војна со подмолниот и фанатичен тероризам е наметната“ и додаде дека во неа ќе биде остварена победа.

Портпаролот на претседателот на државата Милош Земан, Јиржи Овчачек во врска со наводната „ѓаволска коалиција“ искоментира дека Чешка е во добро друштво. Претседателот Земан е познат критичар на исламските терористи, а често го критикува и Исламот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...