Туск: Во Сирија сите треба да се борат против ИД

Загреб, 25 ноември 2015 (МИА) - Уривањето на рускиот воен авион од страна на Турција претставува опасна ситуација, но сите мора да останат со „студени глави“ и да се насочат кон борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД), порача денеска во Загреб, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.  

- Постои само еден начин за избегнување на вакви инциденти во иднина, а тоа е насочување на сите ресурси во борба прптив ИД, изјави Туск, кој во Загреб присуствуваше на регионалниот Самит Брдо-Бриони. 

Според него, заедничка цел на целата меѓународна заедница треба да биде борбата против ИД

- Сите треба да знаат дека никогаш нема да се формира коалиција против умерната опозиција, порача Туск. 

Рускиот авион Су-24 беше собрен вчера претпладне од страна на турски ловец Ф-16, откако, како што тврди Анкара, леталото го нарушило воздушниот простор на Турција. Руското Министерство за одбрана од своја страна соопшти дека нивниот авион летал во набљудувачка мисија над сириската територија и не го повредил турскиот воздушен прпстор.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постапката на Турција претставува „нож забоден во грбот на Русија“ и ја предупреди Анкара на сериозни последици поради соборувањето на авионот.

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу ја оправда постапката на армијата, објаснувајќи дека Турција мора да ги брани своите граници и својот воздушен простор.

НАТО и ЕУ синоќа апелираа за продолжување на контактите меѓу Анкара и Москва и повикаа на смирување на тензиите и на деескалација на состојбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...