Француското Собрание одобри продолжување на воздушните напади во Сирија

Париз, 25 ноември 2015 (МИА) - Француското Национално собрание вечерва со огромно мнозинство го одобри продолжувањето на мисијата за воздушни напади на авионите на Военото воздухопловство на Франција во Сирија, јави ТАСС. 

За продолжување на мисијата гласаа 515 пратеници во Собранието, а против беа само четворица.

Согласно францускиот Устав, Владата на Франција мора да добие одобрение од Парламентот за спроведување воени операции надвор од границите на земјата, кои се подолги од четири месеци.

Француските воени авиони започнаа со напади врз позиции на џихадистичката група Исламска држава во Сирија на 27 септември. Пред тоа, француските авиони беа вклучени во операциите на меѓународната коалиција, предводена од САД, против ИД само во Ирак, но не и во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...