Оланд и Меркел се заложија за деескалација на тензиите меѓу Турција и Русија

Париз, 26 ноември 2015 (МИА) - Франција сака да види деескалација во односите меѓу Русија и Турција по инцидентот со соборувањето на рускиот авион, изјави вчера францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ја прими во Елисејската палата германската канцеларка Ангела Меркел, јави ТАСС.

- Тоа што се случи е мошне сериозен инцидент. Ние сме за деескалација. Потребно е да сториме се што е можно со цел што побрзо да се обнови дијалогот меѓу Русија и Турција, рече Оланд.

На заедничката прес-конференција со Меркел, Оланд ја повика Германија да стори повеќе во борбата против Исламска држава.

- Не можеме едноставно да преземаме мерки во Франција,  Германија, во Европа. Потребно е да ги насочиме нашите напори кон самиот извор, додаде Оланд. 

Тој додаде дека светските сили треба заедно да работат за да се спречи натамошното влошување на односите меѓу Русија и Турција, откако турските сили го соборија рускиот авион. 

Оланд истакна дека планира на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин да потенцира дека сите треба да се борат против Исламска држава.

- Посетата на Оланд на Русија е мошне важна за борбата против ИД и за продолжување на политичкиот процес во Сирија, рече Меркел.

- Нашиот заеднички непријател е тероризмот, нашата заедничка цел е да дејствуваме одлучно. Бидејќи ИД не може да биде убедена, таа треба да биде победена со воени средства, додаде германската канцеларка.

Таа изрази надеж дека уривањето на рускиот бомбардер Су-24 нема да претставува чекор назад во дипломатските напори за решавање на ситуацијата во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...