Путин: Русија ќе зајакнува токму онака како што сакаше Борис Елцин

Москва, 26 ноември 2015 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е уверен дека Русија ќе се развива и зајакнува онака како што сакаше Борис Елцин, првиот претседател на Руската Федерација.

-Се сеќавам на зборовите на Елцин кои цела земја ги знае - ’Грижете се за Русија’, рече Путин на церемонијата на отворање на новиот претседателски центар на Елцин во Екатеринбург, на Урал.

„Тие зборови се упатени кон секого од нас, сегашните и идните генерации“, истакна Путин.

Елцин сакаше Русија да стане моќна, просперитетна и среќна земја, наведе Путин, додавајќи дека било потребно да се надминат многу проблеми за да се оствари оваа цел, пренесе ТАСС.

-Ќе ги решиме сите актуелни проблеми. Русија ќе зајакнува и ќе се развива со напор, труд и талентот на нашиот народ, кој е лојален кон татковината, порача рускиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...