Руски пратеници: Аја Софија да се врати на христијанската црква

Москва, 26 ноември 2015 (МИА) - Пратениците во Руската дума би ја поддржале идејата од Турција да се бара враќање на истанбулската Аја Софија на христијанството, тврди претставник на комитетот на Думата за прашања за имотот.

Пратеникот Сергеј Гаврилов, член на Комунистичката партија, кој е и на чело на меѓупартиската група за заштита на христијанските вредности вели дека тоа би било пријателски чин.

- Очекуваме таков гест од Турција, враќање на Аја Софија на христијанската црква. Русија е подготвена материјално да се ангажира и за реставрација да ги задолжи најдобрите експерти и научници, рече Гаврилов.

Според него, тоа би бил голем чекор со кој, по уривањето на рускиот авион, „Турција и исламот би покажале дека добрата волја е над политиката“.

- Турско-руските односи минуваат низ тест на издржливост, па секоја пријателска иницијатива би била од големо значење. Враќањето на Аја Софија би бил искрен чекор. Ние чекаме, рече Гаврилов.

Аја Софија или Црква на светата мудрост е ремек дело на византиската архитектура и едно од највпечатливите зданија во Истанбул. Изградена е како христијанска црква во шестиот век, за да во 15 век била претворена во џамија со изградба на четири минариња за време на отоманската окупација на градот. Кемал Ататурк ја претвори во музеј во 1935 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...