Бондарјов: Турскиот авион бил во сирискиот воздушен простор

Москва, 27 ноември 2015 (МИА) – Турски борбен авион Ф-16 кој го собори рускиот бомбардер Су-24 се наоѓал во сирискиот воздушен простор 40 секунди додека рускиот авион не преминал на територија на Турција, изјави денеска главниот командант на ВВС на Русија, генерал полковник Виктор Бондарјов.

Тој рече дека турските „ловци“ поставиле заседа на небото за рускиот бомбардер.

- Според податоци од контролата турскиот авион во сирискиот воздушен простор се задржал 40 секунди, два километра во длабочина од нејзината територија, изјави Бондјаров.

Тој додаде дека откако се приближил до рускиот авион на оддалеченост од 5 до 7 илометри турскиот авион нагло свртел надесно и исчезнал од радарите. Испукувањето на ракета според него го потврдиле од другиот руски авион Су-24 чиј екипаж забележал бел чад.

Бондарјев нагласи дека турските ловци „поставиле заседа на небо“ за рускиот Су-24 и тоа била претходно планирана акција.

Тој вели дека за лет на Ф-16 од базата во Дијарбакир од состојба на дежурство на земја до местото на испукувањето на проектилот се потребни 46 минути, 15 за подготовка и полетување на авионот и уште 31 минута за да пристигне на местото на лансирање на ракетата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...