Соботка: Ќе ја поддржиме соработката на ЕУ со Турција, но сакаме гаранции

Прага, 29 ноември 2015 (МИА) - На денешниот вонреден Самит на ЕУ со Турција, Чешка ќе го поддржи Договорот за продлабочување на соработката, но ќе бара Анкара да овозможи регулација на миграцијата, заштита на сопствените граници и стопирање на слободен шверц на луѓе.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Прага, е договорено на синоќешната седница на Владата на премиерот Бохуслав Соботка.

Земјите-членки на ЕУ веќе се договорија во наредните две години со три милијарди евра, од кои Чешка ќе придонесе со 25 милиони евра, да и помогнат на Турција да го совлада проблемот со миграцијата.

- Турција, мора да воведе мерки за заштита на границите за да се овозможи регулација на миграцијата на своја територија и да го запре непреченото функционирање на шверцерите, изјави Соботка.

Чешкиот премиер потенцира дека Европа треба да има контрола над користењето на средствата.

- Една од работите, кои ќе ги барам на состанокот на Европскиот совет е средствата да се ослободуваат по фази и со полна контрола од страна на Европа за што ќе се користат, односно да бидат наменети за намалување на последиците од бегалската криза, додаде Соботка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...