На рускиот далечен исток се насука руски танкер, се излеа гориво

Москва, 29 ноември 2015 (МИА) - Руската служба за вонредни состојби соопшти дека во тек е операцијата на чистење, откако еден од нафтените танкери се насукал на далечниот исток на Русија, при што е оштетен еден од резервоарите за гориво.

Танкерот „Надежда“, кој превезувал 786 тони гориво, удрил во гребен за време на бурата вчера во близина на пристанишниот град Невелска, на островот Сахалин.

Количината на излеаната нафта и размерите на евентуалната штета по животната средина засега не се познати.

Во тек е операција на собирање на излеаната нафта, како и на контаминираното земјиште по должина на брегот, додека нафтата која се наоѓа во бродот се префрлува во други танкери, наведено е од службата за вонредни состојби.

Островот Сахалин, сместен во северниот Пацифик, северно од Јапонија, е главен произведувач на нафта и природен гас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...