Полска е против нови квоти за распределба на мигрантите во ЕУБрисел, 30 ноември 2015 (МИА) – Полскиот премиер Беата Шилдо изјави дека е против нови квоти за преместување на мигранти во државите во Европската унија.
– Ние сме против секакви нови квоти и тоа можеше да се слушне и во изјави на други лидери, изјави таа во Брисел пред средбата на врвот ЕУ-Турција посветена на миграцијата.
Според Шилдо, главниот заклучок на средбата е прашањето за мигрантите да биде решено „вон границите на ЕУ“ со финансиска поддршка на Европската унија.
|