Коментари од рускиот печат за одлуката за санкции на Москва спрема Анкара

Москва, 30 ноември 2015 (МИА) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави вчера дека државата ќе се обиде да ги држи отворени сите канали за врски со Русија, но упати критики за одлукатана Москва за санкции спрема Турција. Според експерти тоа значи дека средбата што ја бара претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, нема да се одржи, објави Газета.

Рускиот увоз од Турција ќе биде сведен до нула, објави Московскиј комсомолец за очекуваниот денеска целосен списоок со антитурски санкции. Увозот на турски стоки во Русија почна да се намалува многу пред влошувањето на ситуацијата. Весникот набројува држави со кои може да се замени турскиот увоз, и тврди дека „нема незаменливи“. Но, „префрлањето на логистиката и барањето нови извозници ќе предизвика и поскапување“, прогнизираат од весникот.

Санкциите ги удираат и двете држави, наведува за Независимаја газета политикологот Алексеј Фененко. Тоа целосно прекинување на ситемостови за соработка нема да е од корист, смета тој.

– Забораваме две нешта – прво Турција беше единствената држава од НАТО која не воведе санкции спрема нас лани, и тоа никако не беше малку. Второ загуби ќе имаме и ние, наведува рускиот аналитичар. Неочекуваниот подарок од ЕУ за Турција од 3 милијарди долари ги зголемува шансите за зближување на Турција и ЕУ кој може да стане главен трговски партнер на Анкара смета весникот.

– Стравувам дека Турција ќе ги прекине контектите со нас и ќе премине на страната на Лондон и Вашингтон и ќе почне да ни прави пречки за Босфор. Лондон ја чекаше таа кавга. Конфликтот со Турција е добар за САД и Велика Британија. Во тие држави пет години има страв за зближување на Русија и Турција. Британски медиуми дури објавуваа дека Москва премногу се спријателила со Анкара, наведува експертот.

Заострувањето на односите меѓу Москва и Анкара може да врати на дневен ред еден стар проблем – за слободното руско пловење на бродови низ Босфорот и Дарданелите, објави Ведомости. Ако Турција редовно прави вежби во Мраморно Море тоа нема да е нарушување на морското право, но ќе ни отежне при снабдување на руската група во Сирија, истакнува весникот.

Политикологот Анреј Сизов за весникот вели дека за Турција „да си го врати имиџот на голема сила може да се излезе поважно од економските цели“.

РБК Дејли наведува дека санцкиите ќе „удрат по турските градежни фирми“ каде според официјални податоци има 88 илјади Турци.

Комерсант објавува дека Москва ќе ги засили контролите врз турските превозници по море и копно како и мерки во туризмот. Посебно ќе се решава и за Туркиш ерлајнс кој извршува голем број летови до Русија, наведувавесникот. Владата има уште неколку денови за да конкретизира колку ќе биде „тврда“ политиката спрема Турција, смета весникот.

Руско-турските односи никогаш не биле толку добри како во изминатите децении. Многу жално е што провокациската постапка на турските власти предизвика замрзнување на тие односи, објави Известија.

– Русија не го сакаше тоа. Како што вечлат на Запдот, топката е во турскополе. Побара ли Турција помирување, вратата е секогаш отворена, нагласува весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...