Политика - Белград

Германците не им веруваат на француските служби

Терористичките напади во Париз, како и заканите од терористички напади во Хановер, доведоа до тоа речиси 60 отсто испитани граѓани на Германија да се плашат дека во Германија може да дојде до терористички напади како во Франција.



Во таа ситуација медиумите, коментаторите и експертите за безбедност се повеќе се прашуваат зошто и натаму не постои ефикасна соработка меѓу разузнавачките и безбедносните служби на државите-членки на Европската унија. 

Дел од одговорот на тоа прашање можеше да се предвиди кога во Брисел се состанаа министрите за внатрешни работи на ЕУ, каде германскиот министер Томас де Мезијер ја отфрли идејата Европската комисија да воспостави европска разузнавачка агенција, со цел за поефикасна борба против тероризмот 

Причината за лошата соработка, судејќи барем според се што се дозна по наводните закани со терористички напади во Хановер, лежи во недоволната доверба меѓу службите на државите-членки на ЕУ. Дури, некои земји не веруваат во информациите на службите на други земји, додека некои земји се премногу внимателни во делењето на информации, па така било можно напаѓачите во Париз со години во неколку земји на ЕУ да се движат и престојуваат и да не биде спречен нивниот напад, иако некои од нив веќе покажувале знаци на склоност кон радикализмот.

Иако германската полиција не пронашла експлозив, ниту некого уапси како осомничен, германските медиуми изминатите денови објавија сознанија дека фудбалскиот натпревар на репрезентациите на Германија и Холандија не бил откажан без причина, кога стадионот беше евакуиран, каде меѓу 49.000 гледачи требаше да биде и германската канцеларка Ангела Меркел, како и половина германска Влада. 

Според сознанијата на „Хановерише алемајне цајтунг‟, француските безбедносни служби им јавиле на германските колеги дека петчлена група на чие чело е еден државјанин од Германија подготвуваат пет бомбашки напади и тоа три на стадионот,, а два на автобуската и железничката станица во центарот на Хановер.

Германскиот таблоид „Билд‟ тврди и дека имале увид во дојавата која Французите им ја пратиле на Германците, при што дојавата содржела дури и имиња на наводните напаѓачи за кои германските служби не знаеле.

И доверлив извор за „Франкфуртер алемајне цајтунг‟ изнесе исти сознанија, но за сега никој нема објаснување како може никаква назнака за закана да не биде најдена, иако германските служби и натаму истражуваат под претпоставка дека оваа наводно германска терористичка ќелија навистина постои.

Тоа што е евидентно е фактот дека официјален Берлин не им верува во целост во разузнавачките проценки на Париз, при што овие две водечки престолнини на ЕУ, имаат прилично различен пристап по прашањето на безбедноста и правдата.

Додека за Французите контролата на податоците и собирањето на информациите за комуникациите на сите граѓани се прифатливи исто како и тоа дека осомничените за тероризам не би требало да ги уживаат сите граѓански права, Германците имаат поинаков став.

Меѓутоа, ако сакаат да ја одржат шенгенската зона како едно од најголемите достигнувања на ЕУ, сите членки на ЕУ ќе мораат итно да направат некој компромис. Во спротивно, предупредуваат многу аналитичари, следи распад на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...