СНП бара гаранции од Камерон дека во Сирија нема да се случи „либиското сценарио“

Лондон, 30 ноември 2015 (МИА) - Шкотската национална партија (СНП), која е трета по големина во британкиот Парламент, побара гаранции од Владата на премиерот Дејвид Камерон дека во Сирија нема да се случи „либиското сценарио“, за да може да гласа за вклучување на британската авијација во нападите против позициите на Исламска држава (ИД).

Одлука за тоа британскиот Парламент треба да донесе во текот на оваа недела, а СНП најави дека ќе гласа против владиното барање.

Заменик лидерот на партијата, која има уверливо најголема подршка кај гласачите во Шкотска, Стјуард Хоси изјави дека СНП би можела да ја промени сегашната позиција, само доколку има план за иднината на Сирија.

- Нашата партија не е убедена во исправноста од бомбардирањето на сириската територија. Ние имаме резерви кон учеството на британските авиони, затоа што не гледаме план за спречувањето на анархијата (во Сирија), како што сега постои во Либија, изјави Хоси во Лондон.

Шкотската партија верува дека бомбардирањето на позициите на ИД, заедно со другите земји-членки на антиџихадистичката коалиција, предводени од САД, ќе заврши со соборување на претседателот Башар ал Асад, што според СНП, би било налик на операцијата за „помагање на бунтовниците“ во Либија, по која беше тргнат од власта Моамер Гадафи.

По неговото соборување, пред повеќе од 4,5 години, Либија се претвори во земја во која владее хаос. Нема централна власт, земјата е без Парламент и со две влади, без безбедносни сили и сигурни граници, па наместо стабилност, интервенцијата од надвор ја претвори во „рајско место“ за разните терористички и џихадистички групи.

СНП стравува дека во Сирија би можело да се случи истата ситуација, па затоа бара од Владата на Камерон заедно со барањето за бомбардирањето на сириската територија, да понуди и план за да не се случи она што сега го има во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...