Оланд повика на постигнување „обврзувачки договор“ за климата

Париз, 30 ноември 2015 (МИА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд на отворањето на Конференцијата за климатски промени (КОП21) во Бурже кај Париз, ги повика светските лидери да постигнат „обврзувачки договор“, наспроти позициите на САД, кои не сакаат да биде усвоен текст, кој би бил правно обврзувачки, јави дописникот на МИА од Париз.

Во обраќањето пред околу 150 шефови на држави или влади, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, Оланд оцени дека светот е „ставен пред ѕид“ и принуден да се договори и усогласи за да го контролира климатското затоплување под прагот од за зголемување на просечната температура за два степени Целзиусови до крајот на векот.

- На 12 декември, потребно е да има договор во Париз. Договорот треба да бие универзален, диференциран и обврзувачки, изтакна Оланд.

САД преку својот државен секретар Џон Кери потврдија пред конференцијата дека не сакаат обврузвачки правен документ.

- Добрата волја, изјавите и намерите не се доволни. Ние сме на работ од точката на расцеп, Париз треба да биде појдовна точка за една длабока промена, предупреди Оланд, кој е домаќин на КОП21.

Оланд оцени дека за време на меѓународната конферецнија за климата ќе биде одлучувана „иднината на планетата“, повикувајќи ги неговите колеги од целиот свет да „не ја изнверат огромната надеж“ што ја поттикна оваа средба.

- КОП21 поттокна огромна надеж која ние не треба да ја изневериме, рече францускиот претседател.

Американскиот претседател Барак Обама во обраќањето на Конференцијата ги повика лидерите од целиот свет „да бидат на висината на задачата“ што ја поставува глобалното затоплување на нашата планета.

Претседателот на вториот по големина емитер на гасови што го предизвуикуваат ефектто на стаклена градина, оцени дека нема конфликт меѓу развојот и заштитата на животната средина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...