Терористите што планирале напади во Берлин во Германија дошле преку Балканот

Берлин, 4 февруари 2016 (МИА) - Четворицата припадници на џијадиситчката група Исламска држава (ИД), кои под сомнеж за организирање терористички напади во Германија беа приведени во три азилантски центри, во земјата влегле преку „балканската бегалска рута“. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, лидерот на групата во Германија пристигнал минатата година како бегалец, по што бил сместен во прифатен центар за азиланти. 

Според германските медиуми, апсењето на четворицата осомничени спречило големи напади на цели во Берлин и други европски центри. Во Берлин нападите требало да бидат извршени на познатиот „Александер Плац“, каде секојдневно се собираат десетици илјади граѓани и туристи. 

Двајца од осомничените предходно повеќепати влегле во Германија и работеле во компанија за автобуски транспорт на бегалци на „Александер Плац“ и други туристички локации во Берлин.

Лидерот на групата е 35-годишен Алжирец уапсен во центарот за азиланти во Атендорн во Северна Рајна - Вестфалија. Тој во Германија влегол минатата есен како бегалец преку „балканската рута“, по што бил регистриран во Баварија.

Германските медиуми по апсењето го поставуваат прашањето како е можно лидерот на групата да добие азил и покрај тоа што Алжир за него има издадено меѓународна потерница поради учество на воен тренинг во Сирија.

Првиот човек на Германскиот полициски синдикат досега во неколку наврати предупреди дека неговата земја нема доволно ресурси за да ги провери сите баратели на азил и дека Владата во Берлин не сака тоа јавно да го признае.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...