Панелот на ОН одлучи во корист на Асанж, Шведска ги отфрли заклучоците

Њујорк, 5 февруари 2016 (МИА) - Панелот на ОН објави денеска одлука дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж е „арбитрарно притворен“ и повика на негово ослободување.

Работната група на ОН ја повика Британија и Шведска да „го прекинат неговото лишување од слобода“, оценувајќи дека мора да се почитува „физичкиот интегритет и слободата на движење“ на Асанж.

Панелот, составен од петмина експерти, соопшти дека Лондон и Стокхолм треба да му ја надоместат штетата на Асанж.

Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон изјави вчера дека Асанж ќе биде уапсен доколку излезе од амбасадата на Еквадор, без оглед на одлуката на комисијата на ОН.

Тој рече дека која било одлука на комисијата на ОН која ја разгледува жалбата на Асанж, нема да биде правно обврзувачка и оти налогот за негово апсење ќе биде извршен доколку тој ја напушти амбасадата.

Асанж вчера изјави дека ќе и се предаде на британската полиција ако комисијата на ОН не одлучи во негова корист, но додаде дека, доколку одлуката биде поинаква, очекува веднаш да му се врати пасошот и „да се запре обидот за апсење“.

Асанж до Работната група на ОН во септември 2014 поднесе тужба против Шведска, Велика Британија поради одлуката за арбитрарен притвор поради кој не може да ја напушти амбасадата на Еквадор, а да не биде уапсен.

Асанж (44) најде уточиште во амбасадата на Еквадор во Лондон во јуни 2012, за да избегне испорачување на Шведска, каде го бараат заради испитување поради обвиненијата дека извршил силување во 2010, кои тој ги демантира.

Тој вели дека стравува оти Шведска ќе го испорача на САД, каде би можел да се најде на суд поради објавување на доверливи воени и дипломатски документи како Викиликс, едно од најголемите оддавања на информации во историјата на САД.

Шведската Влада, во меѓувреме, ги отфрли заклучоците на панелот на ОН, дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е „незаконски притворен“.

Шведската Влада соопшти дека Асанж сам избрал да остане во амбасадата на Еквадор, каде се наоѓа од 2012 година.

Шведските власти немаат контрола за неговата одлука да остане во амбасадата на Еквадор, се наведува во соопштението, во кое се додава дека тој е слободен да ја напушти во кој било момент.

Шведското Обвинителство наведе дека повикот на ОН Асанж да биде ослободен, и да му биде извршена компензација, „нема формално влијание на тековната истрага според шведските закони“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...