Џулијан Асанж е сериозно болен

Сиднеј, 5 февруари 2016 (МИА) - Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж има сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и долготрајна инфекција на белите дробови, изјави денеска неговата мајка во интервју за австралиското радио Еј-Би-Си,

Како што пренесе ДПА, Кристин Асанж изјави дека нејзиниот син навистина е многу болен - има проблеми со срцето, хронична белодробна инфекција и длабока и остра болка во рамото.

Според неа, откако во 2012 година доби азил во Еквадорската амбасада во Лондон тој имал можност само сосема кратко да биде на сончева светлина. Лекарите му препишале преглед со магнетна резонанса и по еден час дневно да минува на сонце, но „Владата на Велика Британија тоа го одбива“, изјави мајката на Асанж.

Еквадорската амбасада во Лондон на Асанж му даде азил за да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде тој е осомничен за извршување сексуални кривични дела.

Од 2014 година се појавуваат различни информации за здравоствената состојба на Австралиецот, потсетува ДПА. Во јули минатата година „Дејли телеграф“ цитираше извори од Викиликс, според кои, Асанж има аритмии, хронична кашлица и висок крвен притисок. Оттогаш неговите адвокати даваат оценки дека здравјето му е кревко.

Еквадорските власти инсистираат на негово привремено ослободување од одговорност за да може да му се извршат прегледи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...