Камерон во Варшава бара поддршка за договорот за реформите на ЕУ

Варшава, 5 февруари 2016 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон се сретна денеска во Варшава со својот домаќин, полската премиерка Беата Шидло, во настојувањето да ја добие поддршката на Полска за нацрт-договорот за реформите на ЕУ за кои се спогодија Лондон и Брисел.

Од полска страна уште еднаш е изразена поддршката на Британија за нејзините настојувања да се реформира Унијата.

Официјална Варшава, меѓутоа, бара гаранции дека полските државјани во Британија нема да бидат онеправдани со намерата на владата во Лондон, да се блокира правото за социјални бенифиции за мигрантите од ЕУ, во првите четири години од нивното работење на британска територија.

“Ние ги подржуваме плановите на Бриитанија за потикнување на сувереноста на националните парламенти (во рамките на ЕУ), како и заложбите за потикнување на европската економија и нејзината конкурентска способност, но бараме детално „пегалање„ на барањата за социјалните бенифиции„изјави по разговорите со камерон, полскиот премиер Беата Шидло.

Околу еден милион полски мигранти се населија во Британија, по 1 мај 2004 година и влегувањето на Полска во ЕУ.

Камерон престојува во полскиот главен град да ја добие подршката на европските лидери, за нацрт договорот што тој минатиот викенд го постигна со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Британскиот премиер настојува да ја обезбеди подршката на сите други 27 земји членки, за договорот, до Самитот на ЕУ, закажан за 18 и 19 февруари.

Доколку договорот биде потврден на Самитот, Камерон најверојатно ќе го организира референдумот во Британија за ЕУ ќе го организира оваа, а не идната 2017 година, како што претходно најавуваше.

Во Лондон се верува дека подршката од државите на Вишеградската четворка (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) ќе биде најважна за добивањето согласност за дреформите кои ги бара Британија, затоа што државите од Источна Европа се најостри противници на блокадата на социјалните бенифиции, верувајќи дека тие се насочени, пред се, за нивните државјани.

На маргините на вчера одржаната донаторска конференција за Сирија, во Лондон, премиерот Камерон се сретна и разговараше со премиерите на Словачка, Шведска, Грција и Белгија, а по Варшава, тој ќе престојува во Данска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...