Следната недела средба меѓу папата и рускиот патријарх на Куба

Ватикан, 5 февруари 2016 (МИА) - Папата Франциско и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил следната недела ќе се сретна на Куба, соопшти денеска потпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.

- Средбата ќе се одржи на 12 февруари, нагласи Ломбарди.

Како што јави Танјуг, ова ќе биде прва средба на еден римски папа и еден руски патријарх во историјата. 

Папата Франциско ќе престојува во посета на Мексико од 12 до 18 февруари, но на патот кон Мексико Сити ќе застане во Куба и ќе се состане со патријархот Кирил на аеродромот во Хавана. 

Според најавите од Ватикан, за време на средбата папата и патријархот ќе потпишат и заедничка декларација. 

Првата средба на поглаварите на Римокатоличката и на Руската православна црква, медиумите ја оценуваат како прв голем чекор кон надминување на речиси илјадагодишниот раскол што датира од поделбата на христијанската црква во 1054 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...