Над 10 илјади бегалци ќе станат чираци во Германија

Берлин, 5 февруари 2016 (МИА) - Германската Влада заедно со бизнис секторот иницира проект со кој на 10,000 бегалци ќе им биде понудена обука за помошни работници на реални работни места во најсилната европска економија, која се соочува со ниско ниво на невработеност.

Министерството за економија на Германија и Националната конфедерација на занаети во заедничка изјава најавија отворање на 10 илјади места за чираци меѓу април 2016 и април 2018 година.

Кандидатите треба да се најмалку на 25-годишна возраст и да имаат реални шанси да добијат азил, што значи да доаѓаат од некоја земја каде што има воен конфликт.

Иницијативата поддржана од Федералната агенција за вработување ќе понуди јазичен тренинг и иницијални квалификации, како и краткорочно работно искуство во реалниот сектор.

Селекцијата ќе направи прелиминарна селекција на кандидатите врз основа на нивните квалификации и искуство и ќе помага во текот на програмата, најави шефот на федералната агенција за вработување Франк Вајзе.

Германија минатата година прими околу 1,1 милиони бегалци од кои половината се помлади од 25 години. Во Германија во моментов има 40 илјади места за помошни работници, кои не можат да бидат пополнети поради слаб интерес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...