Словенија со големи очекувања од ЕУ состанокот за бегалската криза

Љубљана, 5 февруари 2016 (МИА) - Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец денеска изјави дека има големи очекувања од министерскиот состанок на ЕУ во Амстердам, на кој утре ќе се раговара за решавање на бегалската криза.

Тој нагалси дека во ЕУ уште овој месец за ова прашање треба да се донесе сеопфатна и конкретна политика, бидејќи ако не се стори тоа кризата ќе ескалира во текот на пролетта. 

На утрешниот неформален состанок, кој го свика шефот на холандската дипломатија Берт Коендерс, чија земја е актуелен преседавач со ЕУ, поканети министрите за надворешни работи на Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, наведува Хина. 

- Моите очекувања од состанокот се големи, изјави Ерјавец, додавајќи дека ќе се разговара за словенечкиот предлог за воспоставување на други врски за контрола на бегалците кои доаѓаат во Европа на македонско-грчката граница и одредување на заеднички критериуми за прифаќање или одбивања на имигрантите кои се движат низ балканската рута. 

- Пролета е близу, а ако ситуацијата во Сирија и Ирак не се смири, миграцискиот притисок ќе се зголеми, нагласи Ерјавец, додавајќи дека е потребно да се донесат итни мерки за спречување на миграцискиот бран бидејќи во спротивно бегалско-миграциската криза ќе ескалира и ќе се заостри.

Според него, неопходно е веќе на Самитот на лидерите на ЕУ овој месец да се донесат заеднички мерки за справување со бегалскиот прилив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...