Инциденти на протестите на поддржувачите и противниците на миграцијата во Прага

Прага, 6 февруари 2016 (МИА) - Поддржувачите и противниците на бегалците кои денеска во одделни групи протестираа на неколку локации во Чешка, попладнето се судрија на плоштадот Малостранска во Прага, јави дописникот на МИА.

По 10-15 минути, во кои демонстрантите меѓу себе се удираа, фрлаа шишиња и петарди, полицијата успеа да ги раздели двете групи, а во одделен инцидент на друга локација според соопштението полицијата притворила човек кој се обидел да пука со сигнален пиштол.

Протестите против исламот и против мигрантите ги организираа екстремнодесничарската партија „Народна демократија“, партијата „Зора“ и Блокот против исламот.

Учесниците скандираа „За Европа без ЕУ“, „Слободата не ви ја даваме“, како и „Мулти-култи не сакаме“.

-Дојдовме овде за да ја пренесеме демократската политика до улиците и да им покажеме на ксенофобите, дека не се само тие дел од оваа убава историска Прага, изјави Јан Блажек, портпарол на Иницијативата „Не за расизмот“.

Нејзините приврзаници, кои беа неколку стотини, носеа транспаренти со добредојде за бегалците, како и со порака „Фашизмот е злосторство.

Според полициски извори, на протестите против мигрантите учествуваа околу 1.200 лица, а според организаторите нивниот број беше 2.000-3.000.

Демонстрации се организираат и во Брно, каде има неколку стотини противници на исламот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...