Петмина скијачи загинаа под лавина во Тирол Прага, 6 февруари 2016 (МИА) - Петмината скијачи, кои денеска загинаа во австриската провинција Тирол, во местото Ватенберг најверојатно се Чеси, објавија чешките медиуми.
Според медиумите, како што јави дописникот на МИА од Прага, лавината зафатила две групи на чешки туристи, вкупно 17 лица, кои се наоѓале на надморска висина од 2.019 метри.
На местото на несреќата веднаш пристигнал хеликоптер и медицинска екипа за итна помош.
|