Камерон: Бегалскиот камп во Кале ќе се пресели во Англија ако Британија излезе од ЕУ

Лондон, 8 февруари 2016 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека кампот со мигранти и бегалци што е диво изграден во околината на Кале на францускиот брег од Ламаш, ќе се префрли во југоисточна Англија, доколку Велика Британија излез од ЕУ.

Според Камерон, ваквата ситуација е „сосема реална“. доколу Британците се определат за напуштање на Унијата.

Во тој случај ќе биде укинат сегашниот договор меѓу Лондон и Париз, според кој британската граница се чува од мигранти на француската територија, каде се врши и пасошката контрола при влегувањето во Велика Британија.

Договорот е од 2003 година и го потпишаа тогашните британски премиер Тони Блер и францускиот претседател Жак Ширак.

Со договорот од Ла Туке, двете соседни земји се спогодија контролата на пасошите и патниците да се прави на францускиот брег, при влегувањето во Велика Британија со возовите на Евростар и со фериботите кои го минуваат Ламаш, а на британската страна се прават ваквите проверки од француските имигранстки власти при патувањето за Франција.

На британска страна, ваква контрола има во Довер, додека на францускиот брег во Кале и во Данкерк.

Околу пет илјади мигранти, од разни земји на северна и подсахарска Африка, како и од Блискиот Исток се дојдени, најчесто нелегално, до Кале, настојувајќи да се префрлат на британската страна.

Според француските имигрантски власти, најголемиот број од мигрантите не сакаат да останат на територијата на Франција, па Владата во Лондон издвојува годишно по десетина милиони евра за зголемените трошоци за безбедност на француската полиција, за да го спречува илегалното префрлање во Велика Британија.

Активистите на евроскептичната кампања за напуштање на ЕУ го осудија предупредувањето на Камерон, оквалификувајќи го како „панично реагирање“ на Даунинг стрит 10 по „неуспешните преговори“ со Брисел.

Нивниот аргумент е дека договорот со Франција е билатерален, па тој нема врска со членството во ЕУ, но Париз уште минатата година предупреди дека Франција нема да и ја „чува јужната граница“ на Велика Британија, доколку Британците се определат да бидат надвор од Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...