Имал итни сексуални потреби: Ирачанин силувал момче од Србија

Австриските медиуми ја пренесуваат изјавата на мајката Дуња на момчето, кое во Виена го силуваше бегалец од Ирак, која рече дека пред пет години дошла во Австрија од Србија како бегалец.



Таа наведе дека е мајка на пет деца и оти по доаѓањето од Србија како бегалец живеела во центарот на Каритас.

Дуња истакнува дека нејзиниот син Горан поради  настанот, што се случил минатата година и натаму има трауми и не спие навечер.

Според неа, иако има финансиски потешкотии, на синот на 2 декември му дала три евра да оди на базен по училиште.

Момчето на базенот запознал еден 15-годишник, во чија придружба бил човекот кој подоцна го силувал, додаде таа.

Кога Горан отишол да се тушира, насилникот го повикал. Момчето помислило дека му е потребно нешто, воопшто не се двоумел и тргнал кон него. Тој го повлекол во кабината... - со неверување раскажува мајката Дуња и додава дека нејзините деца се воспитани да им помогаат на другите.



Австриската полиција вчера соопшти дека бегалецот од Ирак е уапсен под обвинение бидејќи во декември силувал десетгодишно момче на базенот во Виена.

20-годишниот Ирачанец, кој имал статус на бегалец. пристигнал во Австрија преку Балканот на 13 септември. Тој и признал на полицијата дека делото го направил од „итни сексуални потреби". На прашањето дали ваквата работа е легална во неговата земја, тој одговорил дека е свесен за направеното кривично дело и дека таквите дејанија се забранети во секоја земја во светот. Признал дека направил „огромна грешка".

- И два месеци по ужасните настани Горан не може да спие и има потреба од земање на пилула. Во сон, вика и плаче.
Вели дека не може повеќе да издржи и дека ќе се убие. Неговото страдање е страдањето за целото семејство  Nајмногу би сакала Ирачанецот да ја издржи казната во австриски затвор и потоа да биде протеран. - завршува Дуња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...