Мајката на Камерон потпиша петиција против политиката на штедење на синот-премиер

Лондон, 9 февруари 2016 (МИА) - Мајката на британскиот премиер Дејвид Камерон се наоѓа меѓу потписниците на петицијата со која се бара да не се скратат средствата за детска заштита во регионот на Оксфордшир, на што инсистираат советниците на Конзервативната партија, на нејзиниот син-премиер.

Мери Камерон (81) се потпиша на петицијата против предлогот за затворање на 44 центри за деца, за да се заштедат осум милиони фунти.

Активиститите на кампањата против ваквиот предлог на конзервативните советници во Оксфордшир, како и британската опозиција сметаат дека станува збор за „погрешна и лажна економија“.

Мајката на премиерот е поранешен општински судија.

- Се потпишав на петицијата, затоа што се согласувам со протестот, но не сакам повеќе да расправам за таа работа, изјави Мери Камерон.

Според пролабуристичкиот весник „Дејли мирор“ потписот на петицијата, мајката на премиерот го ставила за време на престојот на Камерон во Оксфордшир, што е негова изборна единица.

Даунунг стрит 10 одби денеска да го коментира однесувањето на мајката на премиерот Камерон.

Претседавачот на регионалниот совет меѓутоа, изјави дека тие се приморани да ги укинат парите за одржување на центрите за деца, затоа што владата во Лондон им ги скратила средствата, врз основа на прокламираната политика на ториевците за штедење и за скратување на буџетските трошења.

Вработените во регионалниот совет, најавија 24 часовен штрајк против укинувањето на ценнтрите за деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...