Германските власти уапсија осомничени за фрлена бомба врз дом за бегалци

Берлин, 10 февруари 2016 (МИА) - Четири лица се уапсени во јужна Германија поради инцидентот во кој рачна граната беше фрлена врз дом во кој престојувале бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин. 

Според истражителите, причина за нападот не била ксенофобија кон бегалците туку пресметка меѓу ривалски компании за обезбедување во која цел на нападот биле членови на обезбедувањето, а не бегалците.

Во полициското соопштение се вели дека причина за инцидентот би можел да биде конфликтот што постои меѓу фирмите за обезбедување во регионот Шварцвалд - Баар.

Напаѓачите во инцидентот, што се случил минатиот месец, фрлиле рачна граната М26 произведена во поранешна Југославија која што не експлодирала. Полицијата не го открива идентитетот на напаѓачите кои што се економски мигранти од Источна Европа.

Вкупно над 800 напади врз домови за бегалци од кои 222 обиди за подметнување пожар се случиле минатата година во Германија. Најголем дел од нападите се случиле во Јужна Германија каде што е најголем бројот на бегалци. Според невладиниот сектор чиста среќа е што досега во нападите предизвикани најчесто од неонацистички или екстремни десничарски групи немало загинати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...