Тројца загинати во експлозија на противпешадиска мина во источна Украина

Доњецк, 10 февруари 2016 (МИА) - Три лица утринава загинаа во источна Украина, кога минибус нагази врз противпешадиска мина на неутрална територија меѓу сепаратистичките бунтовници и владините сили, пренесоа американските медиуми.

На местото на несреќата  загинале возачот и една патничка, а вториот патник заради степенот на здобиени повреди починал во болница.

Мината била подметната на патот западно од Доњецк, град што е заземен од бунтовниците, посочи обвинителството на Доњецката област, што е под контрола на киевските власти.

Очевидци на настанот раскажуваат дека минибусот се обидел да ја заобиколи мината и да ја избегне колоната превозни средства што чекале да влезат на територикјата што е под контрола на Владата.

И украинските, но  и бунтовничките сили, често пати, поставуваат знаци што предупредуваат за поставени мини крај патот. Денеска, меѓутоа, на оваа делница од патот на ничија територија, што неколкупати преминувала од рацете на едните во рацете на другите завојувани страни, немало таков знак за предупредување.

Жена, која со родителите и своето мало дете чекала да премине на територијата контролирана од украинските власти, изјави дека пресекувањето на линијата на разграничување во источна Украина секогаш е многу стресно.

-Страшно е. Стравуваме не само да не паднеме од патот, туку дури да стапнеме надвор од асфалтот, рече таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...