На барање на Турција, Грција и Германија, НАТО се вклучува во решавање на бегалската криза

Берлин, 11 февруари 2016 (МИА) - Северно - Атланската алијанса по првпат ќе се вклучи директно во надминување на бегалската криза во Европа. НАТО на барањето на Грција, Турција и Германија ќе испрати воени бродови во патроли низ источниот Медитеран, со цел да се подобрат хуманитарните капацитети за помош на бегалците на отворено море и да се спречи шверц со мигранти во регионот.

Покрај морнарички патроли силите на НАТО заедно со грчката и турската армија ќе користи и разузнавачки капацитети за да го следат протокот на мигранти.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг потврди дека барањето на Турција, Грција и Германија е прифатено по што на мисијата предводена од Германија во Медитеранот и е наложено да започне веднаш нејзино спроведување.

Според НАТО, Грција и Турција се согласиле во нивните територијални води да оперираат и други армии. Засега операцијата ја спроведуваат три пловила на НАТО, а понуда за воена поддршка за операцијата дошла и од други земји членки.

Потврда за мисијата доаѓа и до најмоќната членка на НАТО, САД, чии што министер за одбрана Аштон Картер најави дека силите на НАТО ќе ги спречуваат „криминалните здруженија“ кои што шверцуваат мигранти од Турција во Грција.

Во моментов НАТО мисијата во Медитеранот е предводена од Германија и нејзина примарна цел е да спречи влез на мигранти и радикални групи од Сирија, но таа лесно може да се претвори во мисија за помош на бегалци и спречување на шверц со луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...