Словачката владејачка партија ја губи поддршката неколку недели пред избори

Прага, 11 февруари 2016 (МИА) - Опаѓа поддршката на евентуалните гласачи за партијата на актуелниот словачки премиер Роберт Фицо, на три недели пред парламентарните избори, покажуваат најновите анкети во земјата. 

Резултатите, 34-процентна поддршка, која за два проценти е помала од истиот период лани, покажуваат дека партијата Смер би го изгубила апсолутното мнозинство во 150-члениот Национален совет, јави дописникот на МИА.

Според аналитичарите, на Фицо му наштетија штрајковите и неговата анти- миграциска реторика, а не му оди во корист ниту најновата афера со лекарот кој, со Владата има потпишано поволен договор за исплата на здравствено осигурување за неговата болница која нуди масерски услуги. Најновата афера ја објави опозицијата.

- Главната причина за опаѓањето на бројот на симпатизерите е фактот, дека темата на мигрантите ги „покри“ изборните теми, изјави за словачкиот весник „Хосподарске новини“ шефот на агенцијата „Фокус“ Мартин Слосиарик.

Тој додава дека свое влијание имале и штрајковите на просветните работници и медицинските сестри, како и аферата со „масерот“ Павел Костка.

Неговата клиника, според објавените документи од Владата во 2012 имала обрат од 140.000 евра, а две години подоцна нејзиниот приход се зголемил на 1,4 милиони евра.

Опозициската партија „Мрежа“, која го повика Фицо да го прекине неповолниот договор, според анкетата, е на второ место, со 14 проценти гласови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...