Путин: Непланираните проверки на војската мораат да бидат продолжениМосква, 12 февруари 2016 (МИА) - Праксата на одржување на непланирани проверки на руските вооружени сили мора да биде продолжена со оглед на тоа дека тие систематски ја зголемуваат борбената готовност на војската и морнарицата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
- Праксата на непланираните проверки на нашите сили мора да продолжи. Очигледно е дека таа пракса се покажа како систематски начин за зголемување на борбената готовност на војската и морнарицата и за зацврстување на врската меѓу различните едници, рече тој.
Во понеделникот почна непланираната проверка на руската војска во која учествуваат 8.500 лица, 900 едници на воената техника, 50 бродови и 200 авиони.
|