Франција го отфрли предлогот на Меркел за бегалците

Берлин, 13 февруари 2016 (МИА) - Франција се изјасни против воспоставувањето на постојан механизам за прераспределба на бегалците во Европската унија, што го предложи германската канцеларка Ангела Меркел, јави дописникот на МИА од Берлин.

- Франција не е за предлогот за воспоставување постојан механизам. Време е да се имплементира тоа што беше разговарано и преговарано - регистрациски центри за нови бегалци, контроли на надворешните граници на ЕУ и другите мерки, изјави францускиот премиер Мануел Валс во Минхен, каде учествува на Безбедноста конференција/

Валс нагласи дека ЕУ треба да испрати порака дека веќе не може да прима нови бегалци.

Коментарите на Валс доаѓаат неколку дена пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој што се очекуваат решенија за најголемата европска бегалска криза по Втората светска војна.

- Франција се согласи да профати 30 илјади бегалци и нашите врати за нив остануваат отворени. Но не повеќе од тоа, порача францускиот премиер, признавајќи дека овие бројки во споредба со бројот на бегалци кои што ги прими Германија се незначителни.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во септември по трагичната судбина на тригодишното момче Ајлан Курди, кое се удави на турскиот брег, имаше поинаков став од оној што сега го изнесува Валс.

Кооперативната позиција во однос на германските предлози, кои се дијаметрално спротивни на позицијата на Франција што сега ја промовира Валс, почна да се менува по терористичките напади во Париз лани во ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...