Во напади во Брисел загинаа 34 лица, над 150 се ранети

Брисел, 22 март 2016 (МИА) - Белгиските власти попладнево соопштија дека во денешните координирани терористички напади на аеродромот и во метрото во Брисел, загинале 34 лица, а над 150 се ранети.

Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, според последниот биланс на жртвите, во нападот на аеродромот „Завентем“, животите ги загубиле 14 луѓе.

Во експлозијата пак во возот на метро станицата Малбек загинале 20 луѓе.

Дел од над 150-те ранети во нападите се во критична состојба. .

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, протипожарната единица на главниот град на Белгија ја потврди експлозијата, што се случи утринава во 08:00 часот и која предизвика и сериозна штета на предниот дел на аеродромот, кај влезот наспроти хотелот „Шератон“.

Според белгиската националната франкофонска телевизија РТБФ, аеродромот е затворен, забранети се полетувања и слетувања на авионите, евакуирани се сите лица и патници, а затворена е и железничката станица на „Завентем“.

Западни медиуми јавија дека пред експлозиите на аеродромот се слушнале истрели од огнено оружје и повици на арапски јазик.

Очевидци на настанот изјавија дека неколку луѓе лежат повредени на тротоарот пред влезот на меѓународниот аеродром. Сите приоди и излезни патишта кон бриселскиот аеродром се затворени, а полицијата детално го претресува секој автомобил и сомнителни лица.

Во близина на аеродромот е и седиштето на НАТО, каде се забележува силно воено-полициско обезбедување, што е случај и на сите клучни места во градот Брисел.

Во исто време, белгиската полиција во пограничното градче Вервие уапси 16 лица, кои се осомничени за поврзаност со ќелии на радикални терористички организации што планирале извршување на терористички напад во Белгија.

Денешните случувања доаѓаат пет дена откако безбедносните служби на Белгија, по долги потраги го уапсија Салах Абдеслам, директниот учесник во симултаните терористички напади во Париз во ноември минатата година, кога загинаа 130 лица. Со Абдеслам беа уапсени и петмна негови помагачи во криењето.

Белгиското Федерално јавно обвинителство во саботата покрена официјално обвинение против Салех Абдеслам за поврзаност со нападите во Париз.

Според белгиските медиуми, во обвинителниот акт Абдеслам се товари за „убиства од терористички мотиви“ и за „учество во терористичка група“, која ги извршила нападите.

За истите дела е обвинет и соработникот на Абдеслам, Монур Ахмед Алај познат како Амир Шукри.

По експлозиите на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град.

Билансот е 20 загинати, а десетици се повредени во експлозија во воз што пристигнува на метро станицата Малбек во Брисел, што се наоѓа во дипломатскиот кварт и во близина на институциите на ЕУ.



Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во реонот на сатницата Малбек се наоѓаат зградата на Европската комисија и Европскиот совет, како и македонската Амбасада во Белгија и Постојаната Мисија на Република Македонија при Европската унија,

Со ова, бројката на загинати од денешните симултани терористички напади во Брисел се искачи на 34 лица, со оглед на тоа што белгиското обвинителство потврди дека во терористичкиот напад на бомбаш-самоубиец на националниот аеродром „Завентем“, утринава загинале 14 лица, а има и доста  повредени.

Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места.

- Институциите на ЕУ работат заедно за да осигураат безбедност на персоналот и просториите. Ве молиме да останете дома или во зградите, објави на Твитер, Кристалина Георгиева, еврокомесар за буџет, која е задолжена и за безбедносни прашања. 

Зградите на Владата и на Парламентот на Белгија во Брисел се евакуирани.

Како што јавија локални медиуми тунелите во Брисел се затворени за сообраќај на возила, што е дел од мерките преземени од полицијата, по експлозиите на аеродромот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...