Апсења во Германија по нападот во Брисел

Берлин, 25 март 2016 (МИА) - Германската полиција уапси двајца осомничени за врски со терористичката група што ги изврши нападите во Брисел во вторникот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според неименувани извори на весникот „Шпигел“, еден од уапсените е приведен во средата во близина на Франкфурт.

Тој пред нападите во Брисел примил две пораки преку мобилен телефон во кои се споменувало името на Калид Ел Бакрауи, терористот кој ја активира бомбата во бриселското метро.

Германското Министерство за внатрешни работи не ги потврдува наодите на весникот, според кои, примените пораки го содржеле зборот „крај“ на француски и биле примени три минути пред експлозијата во метро станицата Мелбек во Брисел.

Засега нема детали за идентитетот на вториот уапсен за врски со напаѓачите во Брисел.

Германските безбедносни служби предупредуваат дека со оглед на развиената мрежа на ИД во Европа, не може да се отфрли можноста од нови терористички напади вклучително и на локации во Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...