Москва, 25 март 2016 (МИА) - Руската Дума ги повика парламентите ширум светот да формираат обединета коалиција против тероризмот со цел да се „заштити мирот и безбедноста од меѓународниот тероризам“, јавува ТАСС.
Руските пратеници денеска го усвоија овој предлог кој го поднесоа руското Министерство за надворешни работи и Националниот совет за безбедност.
- Припадниците на руската Дума повторно ги повикуваат парламентарците во Европа, Северна Америка, на Блискиот Исток и другите региони да ги поддржат руските напори да формираат голема меѓународна антитерористичка коалиција под покровителство на ОН за заштита на мирот и безбедноста во согласност со меѓународното право, се наведува во официјалниот документ на руската Дума.