Чешка ќе ги преземе првите четворица сириски бегалци според квотата на ЕУ

Прага, 27 април 2016 (МИА)- Чешка од Грција ќе прими едно четиричлено семејство, бегалци од Сирија, како дел од обврзувачките квоти на Европската унија, објави чешкото Министерство за внатрешни работи во редовниот Извештај за миграција, јави дописникот на МИА од Прага. 

Претходно, во Чешка требало да пристигнат седуммина, но тројца се откажале и ја напуштиле Грција.

-Чешка ги прифати првите четири лица, едно семејство Сиријци. Тие сега се во прифатен центар и треба да ги поминат стандардните процедури за прием, изјави Кирил Христов, портпаролот на Заводот кој ги води прифатните центри во земјата.

Чешка, треба до крајот на 2017 година да прими 2.691 лице од медитеранските земји кои се соочуваат со најголем број на бегалци.

Прага, првично вети дека од Грција и Италија ќе прими 1.100 бегалци, но нивниот број по понатамошните преговори со ЕУ се прошири за 1.591 лице, иако чешките претставници беа против зголемувањето на квотите.

Земјата во февруари, понуди преземање на првите 20 бегалци од Грција и десет од Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...