Најмалку четворица убиени во гранатирање на контролен пункт во Источна Украина

Донецк,27 април 2016 (МИА) - Најмалку четири лица се убиени, меѓу кои и една бремена жена,  за време на гранатирањето на контролен пункт, во Источна Украина, соопштија денеска проруските бунтовници.

Портпарол на „Донецката Народна Република“ изјавил дека се повредени 15 лица, додека минувале од страната што ја држат бунтовниците, во делот кој е под контрола на владините сили.

Целиот реон во изминатите недели беше поприште на насилство, заканувајќи му се кревкото примирје што е на сила, меѓу украинската армија и бунтовниците.

ОБСЕ потврди дека посматрачите на Организацијата регистрирале голем број повреди на прекинот на огнот, со стотици ексползии и истрели од огнено оружје кои се слушаат како од реонот каде се бунтовниците, така и од делот што е под  контрола на украинските владини сили.

Денешниот инцидент се случи во селото Оленивка, кое е под контрола на бунтовниците, многу блиску до демаркационата линија која ги раздвојува двете завојувани страни.

Бунтовниците тврдат најмалку шест куќи, како и една болница се погодени и оштетени во текот на денешното гранатирање, како последица на нападите што ги извршиле украинските владини сили.

Претставник на армијата во Киев изјави дека имало истрели од лесно оружје, но дека не се точни тврдењата за гранатирање и ракетирање на одредени позиции на линијата на прекинот на огнот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...