Лавров: Експанзијата на ИД е закана без преседан за меѓународната стабилност

Пекинг, 28 април 2016 (МИА) - Терористичката група Исламска држава претставува закана без преседан, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средбата во Пекинг со колегите од Конфедерацијата за заедничко дејствување и изградба на доверба во Азија, јави ТАСС.

- Ситуацијата на Блискиот Исток се доближи до точка од каде почнува уривање на политичката карта на регионот. Тоа е уште едно убаво кажано сведоштво колку е погубен извозот на демократија и насилствата предизвикани од надвор за смена на неподобните режими, вклучително и спекулациите со религиозниот фактор при што се предизвикува раскол во муслиманскиот свет, наведе Лавров.

Тој посочи дека поради терористичката закана од ИД хаосот ги зафатил Ирак, Либија, Сирија и Јемен  и оти ако таа закана не биде неутрализирана никој во светот нема да се чувствува безбедно.

- Русија е крајно вознемирена од растечкото влијание на ИД во Авганистан. Посебно алармира порастот на влијание и бројот на приврзаници на ИД во земјата, што уште повеќе ја усложнува безбедноста, посочи Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи наведе дека нема ефикасна борба со терористите, ако истите се делат на умерени и радикални.

- Обидите за поставување на ултиматум на меѓусириските преговори се недозволиви и треба да престанат, потенцира Лавров, кој е во дводневна посета на Кина.

Тој кризата во Украина ја оценни како „трагичен пример за непромислена и крајно опасна политика на приврзаниците на геополитичкото инжинерство“. Лавров додаде дека разрешувањето на кризата во Украина единствено е можна со исполнување на мерките од Договорот во Минск.

Лавров повика и на враќање на шестстраните преговори за нуклеарниот проблем на Корејскиот Полуостров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...