Оланд: Франција не се согласува за слободна размена без правила

Париз, 3 мај 2016 (МИА) - Еден ден по откривањето на содржината на документот за напредокот во преговорите околу трансатлантскиот договоро, францускиот претседател Франсоа Оланд, изјави дека „Франција не се согласува за слободна размена без правила“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

- Никогаш ние нема да прифатиме да бидат ставени во прашање главните принципи на нашето земјоделство, нашата култура, за рецирочност на пристапот на јавните пазари, додаде францускиот претседател.

Оваа изјава на Франсоа Оланд беше дадена на затворањето на симпозиумот „Левицата на власт“ организирана во чест на осумдесет годишнината од Народниот Фронт.

Францускиот претседател притоа појасни дека Франција поставила принципи во рамките на меѓународните трговски договори, мислејќи тука на санитарните, социјалните, културните и нормите за заштита на природата.

Вчера Гринпис објави доверлив документ за дискусиите кои според невладините организации го засилуваат стравувањето дека овој трговски договор води кон општо укинување на правилата во полза на големите компании.

Документите повтрдуваат дека нема рамнотежа во преговорите кои не напреднале многу. Европејцит сакаат преку нивните предлози да изнудат пристап кон американскиот јавен пазар, признавање на географските апелации на потекло на производите (како пармезан), хармонизација на индустриските норми во автомобилската или козметичката индустрија итн.

За договорот се преговара во тајност од средината на мај 2013, и договорот ТАФТА има за цел да ги укине трговските бариери и правила од двете страни на Атлантикот и да создаде широка зона на слободна размена за да се допингува економската активност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...