Пресуда: Кражбата на храна не е кривично дело

Рим, 3 мај 2016 (МИА) - Врховниот касационен суд на Италија пресуди дека кражбата на мало количество храна, за да се надмине гладот, не претставува кривично дело.

Судот ја отфрли пресудата на Основниот суд во Џенова, против бездомникот Роман Остријаков, кој бил фатен како краде сирење и колбаси, во вкупна вредност од 4,7 евра.

Остријаков кој е од украинско потекло, бил осуден во минатата година на дури шест месеци затвор и парична казна од 100 евра.

Адвокатите кои го бранеле по службена должност поднеле жалба прво до основниот Апелациски суд, а потоа и од Врховниот касационен суд.

Според „крадецот“ и неговите бранители, делото било направено само од потребата тој да се нахрани.

Инцидентот се случил уште во 2011 година, во еден супермаркет во Џенова. Еден купувач забележал како Остријаков плаќа само за лебот, но не и за сокриените две мали парчиња сирење и малечкото пакување колбаси, па го пријавил на безбедноста на продавницата.

Бездомникот бил уапсен, обвинет и потоа и осуден. 

Судиите на Касациониот (жалбен) суд заклучија дека крадењето мало количество храна, за да се задоволат виталните потреби за храна (како во случајот на Остријаков) не претставува кривично дело.

„Осудениот го сторил тоа од „моменталната и есенцијална потреба за храна„ се вели во пресудата на италијанскиот Врховен касационен суд.

Случајот на бездомникот од Џенова предизвика внимание во домашната јавност, во која поголемиот дел го поздравува решението на судиите.

Медиумите во Италија го критикуваат домашното правосудство кое има потрошено многу повеќе пари за разгледување на еден ваков случај за „штета„ од помалку од пет евра, на три нивоа од судската власт, од вкупната вредност на „украдената“ стока.

Торинскиот весник „Ла Стампа“ во редакциски коментар посочува дека за судот, правото да се преживее е над правото на сопственост (на фирмата што го поседува супермаркетот).

„Впрочем една цивилизирана земја и не би требало да дозволи луѓето да се најдат во ситуација да се борат за да преживеат, констатира овој весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...