Британија ќе прифати повеќе деца без родители од Сирија

Лондон, 4 мај 2016 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Лондон дека Британија ќе прифати „повеќе деца“ од Сирија, но не кажа за колкав број станува збор.

Според Камерон, владата допрва треба да определи за колку деца од регионот каде се војува, а кои сега се наоѓаат во Европа, станува збор.

Британија досега прифаќа деца од бегалските кампови на сириската територија и во нејзиното соседство, но владата во Лондон подолго време се наоѓа под притисок да прифати и дел од децата кои се на територијата на ЕУ.

Опозициските лабуристи ја обвинуваат владата дека „практично не прави ништо“ не верувајќи многу ниту во најновата најава за прифаќање деца што Камерон им ја соопшти на британските пратеници.

Вакви деца без родители, или без придружба, се регистрирани во Грција, Италија и Франција, уште пред да се постигне договорот со Турција, па од нив сега ќе може да се врши нивно раселување и во другите земји од ЕУ.

Иницијативата за прием на деца во Британија, ја покрена пратеничката група на Шкотската национална партија (СНП) која бара од владата во Лондон да прифати до три илјади деца.

Даунинг стрит 10 објасни денеска дека бројката ќе зависи од тоа колкава ќе биде подготвеноста и можноста на општинските совети низ земјата, да прифатат деца бегалци од Сирија.

Силен притисок врз владата врши и Асоцијацијата на еврејските бегалци која од Камерон бара да „поведе сметка за децата“ нарекувајќи ги најранливата категорија жртви од сирискиот конфликт.

Во септември 2015 година, британската Влада соопшти дека Британија ќе прифати до 20 илјади сириски бегалци, во наредните пет години. Во април година, Лондон најави прием и на до три илјади деца од Блискиот Исток и Северна Африка, до 2020 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...