Вишеградската група го отфрли предлогот од Европската комисија

Прага, 4 мај 2016 (МИА) - Претставниците на Вишеградската група, В4, (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска), го отфрли предлогот на Европската комисија (ЕК) за прераспределба на мигранти, јави дописникот на МИА од Прага.

Чешкиот министер за надворешни работи, Лубомир Заоралек изјави дека е непријатно изненаден од одлуката и смета дека ЕК не треба да предлага нешто што ја дели Европа.

Предлогот за реформа на решавањето на барањата за азил од страна на ЕУ кој денеска го претстави ЕК го критикуваше и Кабинетот на претседателот на Чешка, Милош Земан, предлагајќи земјата да го отфрли предлогот.

За Заоралек промената на политиката за азил е многу фундаментална измена на правилата на Европската унија, и оцени дека ЕК треба да поаѓа од она на што се согласуваат мнозинството од членките на Унијата.

- Убеден сум, дека токму тие принципи, кои се применети во предлогот, каде што повторно се враќа некаков принцип на задолжително разместување на бегалците, е нешто за што не постои согласност од мнозинството и затоа сум изненаден од предлогот, рече Заоралек.

Унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто го оквалификува предлогот како неприфатлив и позицијата на Европската комисија ја смета за изнудување. Шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски рече дека тој се уште не е сигурен дали Европската комисија сериозно го мисли она што го предлага.

Против квотите се изјасни и словачкиот државен секретар Лукаш Паризек.

Според предлогот на ЕК, за решавањето на азил ќе решава првата земја, каде апликантот влегол, дополнето со кризниот механизам за прераспределување до останатите земји на ЕУ, кога има поголем број на баратели на азил во некоја членска земја.

Земјите ќе може да се „искупат" од ова правило ако платат 250.000 евра за секој одбиен барател поединечно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...