Еден загинат и деветмина исчезнати во експлозија во рудник на истокот од Украина

Киев, 4 мај 2016 (МИА) - Еден рудар загина, а деветмина се исчезнати по експлозијата на метан во рудник за јаглен на истокот од Украина.

Претставникот на локалната здравствена организација од областа Луганск, Лариса Ерапетијан, изјави дека во моментот на експлозијата во окното се наоѓале 20 рудари, јавија француските медиуми.

- Четворица рудари се префрлени во локалната болница заради здобиени изгореници. Најдовме едно тело, а деветмина рудари се уште се под урнатините, изјави Ерапетијан.

Таа додаде дека шансите за пронаоѓање на затрупаните рудари се „многу мали, бидејќи акумулацијата на гас е исклучително голема“, пренесуваат француските медиуми.

Во март 2015 година во Украина загинаа 32 рудари, исто така, заради експлозија на метан во рударско окно, јавуваат француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...