Берлин: Оставката на Давутоглу да не влијае на договорот за бегалците со ЕУ

Берлин, 6 мај 2016 (МИА) - Германија се надева дека Турција ќе се држи до договорот со Европската унија за спречување на бегалците да влезат во ЕУ и покрај заминувањето да потписникот на договорот премиерот Ахмет Давутоглу.

Заменик портпаролот на Владата во Берлин Георг Штрајтер денеска изјави дека Владата на канцеларката Ангела Меркел соработувала добро со премиерот Давутоглу и со сите други турски претставници.

- Очекуваме оваа добра и конструктивна соработка да продолжи и со новиот турски премиер. Ние ќе ги исполниме сите обврски и очекуваме дека и Турција исто така ќе ги исполни своите обврски, изјави Штреитер на прес-конференција, ден откако еден од главните архитекти на договорот ЕУ - Турција за бегалците се повлече од позицијата премиер на турската влада.

Според официјален Берлин договорот според кој во замена за шест милијарди евра, визна либерализација и забрзување на преговорите за членство Турција треба да ги блокира сите бегалци да пристигнуваат во Европа е склучен меѓу држави а не меѓу индивидуалци и затоа треба да се почитува и покрај оставката на претседателот на турската Влада.

Штрајитер кој смета дека довогорот веќе дава позитивни резултати одби да одговори на прашањето дали заминувањето на Давутоглу е лош знак.

- Се работи за внатрешно политичко прашање во Турција за кое нема да коментирам овде, изјави Штрајтер.

Дел од германскиот политички естаблишмент вчера изрази загриженост од промените во Турција кои што даваат можност турскиот претседател Ердоган да владее без никаква контрола.

Поради начинот на кој што владее и поради неговото досие во поглед на прекршувањето на човековите права Ердоган е еден од најкритикуваните светски политичари во Германија. Германската влада пред три недели дозволи судење за сатиричарот Јан Бехерман кој во ТВ емисија го навреди Ердоган по што се соочува со казна затвор за навреда на странски државник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...