Германското обвинителство започна истрага против лидерката на АФД

Берлин, 25 мај 2016 (МИА) - Јавното обвинителство во Дрезден започна истрага за лажно сведочење против лидерката на десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), Фрауке Петри, јави дописникот на МИА од Берлин.

Петри е пратеник во покраинскиот Парламент на Саксонија, па затоа за истрагата на Обвинителството е информирана и администрацијата на локалниот претставнички дом, во која таа ги дала исказиите за кои се тврди дека се лажни.

Лидерката на АФД се соочува со обвинение за лажно сведочење пред Комитетот за изборно законодавство на Парламентот во Саксонија во врска со позајмици кои нејзината партија ги земала од своите членови за потребите на изборната кампања.

Во понеделникот Петри се сретна со претставници на Германаскиот централен совет на муслимански организации на кои наместо да ги објасни антиисламските ставови содржани во манифестот на нејзината партија, таа го завршила состанокот со обвинување дека Централниот совет на германските муслимани врши притисок врз АФД.

Алтернатива за Германија користејќи антиисламска и антибегалска реторика успеа за една година од партија во распад да дојде до рејтинг од меѓу 12 и 14 проценти на федерално ниво и со тоа се најде во позиција да ја загрози стабилноста на Владата во Берлин на изборите закажани за втората половина на идната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...