Не сум загрижена за договорот ЕУ-Турција

Берлин, 25 мај 2016 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не е загрижена околку спроведувањето на договорот меѓу Европската Унија и Турција за спречување на масовниот прилив на бегалци во Европа, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според германската канцеларка, нема потреба од загруженост, но има потреба од повеќе време за визна либерализација за турските граѓани при патување во ЕУ.

- Не сум загрижена, само ни е потребно повеќе време, изјави Меркел по состанокот на нејзиниот Кабинет.

Повеќе европски политичари изразија стравување околу можноста за имплементација на Договорот со кој Турција треба да го запре приливот на бегалци од нејзина територија кон ЕУ, откако поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу поднесе оставка, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја отфрли можноста земјата да ги усогласи своите антитерористички закони со легислативата на Унијата.

Анкара тврди дека европските механизми за борба против тероризмот се неприменливи во Турција, поради начинот на кој се борат припадниците на Исламската држава и курдските милитанти.

Брисел најави дека без промена на турските закони за антитероризам ЕУ не може да донесе одлука за визната либерализација за турските граѓани, што заедно со шесте милијарди евра финансиска помош и забрзување на процесот за членство на земјата во Унијата, беше утврдено со договорот меѓу ЕУ и Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...