Германски десничари ќе ја реиздадат оригиналната „Мојата борба“ од Хитлер

Берлин, 26 мај 2016 (МИА) - По издавањето на книгата „Мојата борба“ на Хитлер со критички забелешки и објааснувања за погрешните тези кои доведоа до смрт на милиони луѓе, во Германија сега се подготува печатење на издание во оригиналната форма на книгата без никакви дообјаснувања, јави дописникот на МИА од Берлин.

Властите во покраината Баварија веќе најавија дека ќе го запрат објавувањето и ќе ги гонат одговорните за таков чекор затоа што издавање на книгата, која беше основа за расистичката идеологија на Адолф Хитлер, се смета за опасна без соодвени коментари за тезите изнесени во неа.

За разлика од академското издание во кое се критикуваат идеите на Хитлер, а кое беше издадено првпат по 70 години, сега десничарската издавачка куѓе „Рог Паблишинг“ планира да издаде „непремостено издание без коментари од добриот човек“.

Цената на изданието кое веќе може да се нарача на интернет е 27 евра. Покрај книгата на Хитлер без дообјаснувања овој издавач продава и други книги кои промовираат радикални десничарски идеи. Меѓу нив се биографијата на Винстон Черчил во која тој е претставен како терорист-бомбаш, масовен убиец и уништувач на британската империја, како е реизданија на негови антисемитски текстови од триесетите години на минатиот век.

Изданието со критичко објаснување за идеите на Хитлер кое чинеше 59 евра беше продадено за неколку часови, а на веб сајтот „Амазон“ во Германија е меѓу 100-те најпродавани книги.

Во книгата Хитлер ги споделува своите расистички теории за театарот, филммовите, бракот, а цели 10 страници посветува на проблемот на сифилисот. Делото никогаш официјално не било забрането во Германија, но се до јануари годинава тоа не можеше да се издаде поради авторското право кое до тогаш го имаше владата на покраината Баварија.

Сега баварската Влада тврди дека делото не смее да биде обајвено без дообјаснувања согласно законите за превенција од ширења расизам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...